ПРВА ЛИГА ВО ЖИВО: Шкендија заборави да победува, „пандевци“ се нови лидери

ПМФЛ – РЕЗУЛТАТИ ВО ЖИВО – 3. КОЛО….

Скопје: ШКУПИ – РЕНОВА (2-2)

Јурина 42′, 90′ – Селмани 44′, 82′

Тетово: ШКЕНДИЈА – МАКЕДОНИЈА ЃП (1-1)

Бејтулаи 41′ – Едуардо 38′

Струмица: АК. ПАНДЕВ – БОРЕЦ (2-0)

Дориев 45’+2, Танушев 50′

Струга: СТРУГА ТЛ – СИЛЕКС (2-1)

Кировски 35′, 65′ – Грозданоски 50′

ВЧЕРА

Скопје: ВАРДАР – РАБОТНИЧКИ 2-0

======================================================================================

  • КРАЈ НА СИТЕ НАТПРЕВАРИ ОД 3. КОЛО ВО ПМФЛ!

ШКЕНДИЈА – МАКЕДОНИЈА ЃП (1-1)

91′ – За малку ладен туш во Тетово. Одличен контранапад на гостите, но Бејтулаи спаси буквално во последен момент тетовци да претрпат нов пораз.

  • Крај на натпреварот во Струга…

ШКУПИ – РЕНОВА (2-2)

2-2 – 90′ – ГООООЛ ЗА ШКУПИ. Марин Јурина постигнува гол со глава за израмнување на Чаир

ШКУПИ – РЕНОВА (1-2)

1-2 – 82′ – ГООООЛ ЗА РЕНОВА. Брз контранапад, Селмани избива сам пред домашниот голман и стрела за водство на „гипсарите“

АК. ПАНДЕВ – БОРЕЦ (2-0)

71′ – Одлична шанса за Борец. Лазаревиќ се најде сам осамен пред голот на домашните, но шутира крајно непрецизно над голот

ШКЕНДИЈА – МАКЕДОНИЈА ЃП (1-1)

70′ – Шкендија трипати бараше пенал во рок од неколку минути, но судијата ниту еднаш не покажа на белата точка

ШКЕНДИЈА – МАКЕДОНИЈА ЃП (1-1)

58′ – Каква шанса за Шкендија, домаќините двапати се обидоа во рок од десетина секунди, но гостинскиот голман со извонредни интервенции спречи нивно водство

СТРУГА ТЛ – СИЛЕКС (2-1)

2-1 – 65′ – ГООООЛ ЗА СТРУГА ТЛ. Повторно предност за стружани. Кировски од 12 метри прецизно стрела ниско по земја за водство од 2-1

АК. ПАНДЕВ – БОРЕЦ (2-0)

2-0 – 50′ – ГООООЛ ЗА АК. ПАНДЕВ. По нафрлањето од левата страна на Маневски, Ѓорѓи Танушев мајсторски ја зафаќа топката со ножички и од 12 метри носи водство од 2-0

ШКЕНДИЈА – МАКЕДОНИЈА ЃП (1-1)

46′ – Прва минута во вториот дел и веднаш шанса за тетовци, но обидот на Фелипе заврши сантиметри крај голот на „лавовите“

СТРУГА ТЛ – СИЛЕКС (1-1)

1-1 – 50′ – ГООООЛ ЗА СИЛЕКС. По нафрлувањето од левата страна, на вториот дирек пред голот на домашните Грозданоски од неколку метри рутински сместува во мрежата

Почеток на вториот дел од натпреварите во 3. коло од ПМФЛ…

  • КРАЈ НА ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ…

АК. ПАНДЕВ – БОРЕЦ (1-0)

1-0 – 45’+2 – ГОООЛ ЗА АК. ПАНДЕВ. Соло акција на Љупчо Дориев по левата страна, шутира од 12 метри и прецизно стрела ниско по земја во мрежата на гостите

ШКУПИ – РЕНОВА (1-1)

1-1 – 44′ – ГООООЛ ЗА РЕНОВА. Со голот на Селмани, „гипсарите“ брзо израмнуваат

ШКУПИ – РЕНОВА (1-0)

1-0 – 42′ – ГООООЛ ЗА ШКУПИ. Со погодокот на Јурина домашните доаѓаат до предност

ШКЕНДИЈА – МАКЕДОНИЈА ЃП (1-1)

1-1 – 41′ – ГОООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА… Веднаш израмнуваат домаќините, по корнерот на Фелипе највисоко скокна Бејтулаи и ја затресе мрежата на тетовци

ШКЕНДИЈА – МАКЕДОНИЈА ЃП (0-1)

1-0 – 38′ – ГООООЛ ЗА МАКЕДОНИЈА ЃП. Еден од ретките излети на гостинските фудбалери во шеснаесетникот на Шкендија заврши со гол. Топка нафрлена од левата страна стигна до Едуардо, кој со прекрасен удар од вртење ја смести во долниот агол од голот на тетовци

АК. ПАНДЕВ – БОРЕЦ (0-0)

34′ – Убав продор на Абаз, но Христов не успеа да ја зафати топката пред голот на домашните

СТРУГА ТЛ – СИЛЕКС (1-0)

1-0 – 35′ – ГОООООЛ ЗА СТРУГА ТЛ. Кировски носи предност за домашните

ШКЕНДИЈА – МАКЕДОНИЈА ЃП (0-0)

28′ – Убав контранапад на Шкендија, топката дојде до Бесарт Ибраими, кој од десетина метри откосо шутираше многу непрецизно

ШКЕНДИЈА – МАКЕДОНИЈА ЃП (0-0)

23′ – Два слободни удари за Шкендија од околу 25 метри, но Бесарт Ибраими шутираше над гредата, додека Фелипе стрелаше само во живиот ѕид.

ШКЕНДИЈА – МАКЕДОНИЈА ЃП (0-0)

14′ – Бесарт Ибраими се обидува од 18 метри, но брани гостинскиот голман

ШКЕНДИЈА – МАКЕДОНИЈА ЃП (0-0)

10′ – Први два обиди на Шкендија, најпрвин се обиде Омар Имери, но неговиот удар изблокиран заврши крај дирекот. Веќе во следниот напад во добра ситуација се најде и Фелипе, но и неговиот шут од работ на шеснаесетникот беше изблокиран

5′ – Мирен почеток на фудбалските прволигашки терени без поголеми возбудувања на сите четири натпревари

  • ПОЧЕТОК НА НАТПРЕВАРИТЕ ОД 3. КОЛО ВО ПМФЛ…

======================================================================================

Во 3. коло од ПМФЛ Шкендија конечно во потрага по победа, на дуелот против Македонија ЃП. Ренова гостува на Шкупи, а Академија Пандев атакува на триумф против Борец.

Сите најнови случувања, шанси и голови од денешните средби ќе можете да ги следите во живо на ЕКИПА.МК.

Се вчитува...