РЕЗУЛТАТИ ВО ЖИВО… ПРВА ЛИГА, 24. КОЛО
Скопје: РАБОТНИЧКИ – ВАРДАР (0-2)
Цветаноски 6′, Фелипе 55′
Тетово: РЕНОВА – БЕЛАСИЦА (3-2)
Миовски 8′, Рамадани 21′, Усеини 75′ – Мирчевски 31′, Савиќ 90’+1
Кратово: СИЛЕКС – ШКЕНДИЈА (0-3)
Миленковски 25′(аг), Агим Ибраими 66′, Муслиу 87′
Скопје: ШКУПИ – МАКЕДОНИЈА ЃП (0-1)
Божиновски 86′
======================================================================================
КРАЈ НА СИТЕ ЧЕТИРИ НАТПРЕВАРИ ОД 24. КОЛО ВО ПМФЛ!
РЕНОВА – БЕЛАСИЦА (3-2)
3-2 – 90’+1 – ГОООЛ ЗА БЕЛАСИЦА. Одлична длабочинска топка за Душан Савиќ кој избива пред домашниот гол и ниско по земја погодува
ШКУПИ – МАКЕДОНИЈА ЃП (0-1)
0-1 – 87′ – ГОООООЛ ЗА МАКЕДОНИЈА ЃП. Проектил на Боби Божиновски кој од 16 метри стрела под гредата од голот на домашните
СИЛЕКС – ШКЕНДИЈА (0-3)
0-3 – 87′ – ГООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Репрезентативецот Висар Муслиу од непосредна близина со глава носи 0-3 за тетовци
СИЛЕКС – ШКЕНДИЈА (0-2)
78′ – Одлична шанса за Бобан Георгиев, но откако краде топка и избива сам пред голот на гостите го погодува само левиот дирек
РЕНОВА – БЕЛАСИЦА (3-1)
3-1 – 75′ – ГООООЛ ЗА РЕНОВА. Вистинска „бомба“ на Мухамед Усеини од 25 метри под гредата од голот на струмичани
РАБОТНИЧКИ – ВАРДАР (0-2)
71′ – 100% шанса за Работнички. Гофри шутира од 20 метри, ја погоди гредата од голот на Вардар, а потоа и Илијоски не реализира од пет метри
РАБОТНИЧКИ – ВАРДАР (0-2)
69’ – Силен шут на Гофри, но Гачевски повторно одбрани
СИЛЕКС – ШКЕНДИЈА (0-2)
0-2 – 66′ – ГООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Во мешаницата пред голот на Силекс, Жуниор одлично го пронаѓа Агим Ибраими кој од само неколку метри без проблеми погодува за 0-2
РАБОТНИЧКИ – ВАРДАР (0-2)
0-2 – 55’ – ГОООООЛ за Вардар. Бразилецот Фелипе упати удар од 20 метри и погоди во долниот лев агол од голот на Ристо Јанков
РАБОТНИЧКИ – ВАРДАР (0-1)
52’ – Петковски шутира, но Гачевски е на вистинското место
ПОЧЕТОК НА ВТОРОТО ПОЛУВРЕМЕ НА ДУЕЛИТЕ ОД 24. КОЛО….
- Тренерот на Вардар, Александар Васоски поради црвениот картон добиен против Шкупи во претходното коло, натпреварот на „Филип Втори“ го следи од трибините

КРАЈ НА ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ…
РАБОТНИЧКИ – ВАРДАР (0-1)
43’ – Лира шутираше од десната страна, но крај голот на Јанков
РЕНОВА – БЕЛАСИЦА (2-1)
2-1 – 31′ – ГООООЛ ЗА БЕЛАСИЦА. По нафрлањето од левата страна, Мирчевски сам на неколку метри пред домашниот гол, непречен од никого, со глава погодува за 2-1
РАБОТНИЧКИ – ВАРДАР (0-1)
27’ – Херера шутира, но Манев го изблокира неговиот удар

СИЛЕКС – ШКЕНДИЈА (0-1)
0-1 – 25′ – ГООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Филип Миленковски постигнува автогол за водство на гостите
РЕНОВА – БЕЛАСИЦА (2-0)
2-0 – 21′ – ГООООЛ ЗА РЕНОВА. Влатко Стојановски одлично во гостинскиот шеснаесетник го прогрува Рамадани кој ја смирува топката и од 12 метри ефектно стрела за 2-0
ШКУПИ – МАКЕДОНИЈА ЃП (0-0)
12′ – Одлична шанса за Сержињо кој избива пред голот на Македонија ЃП, но брани гостинскиот голман
РЕНОВА – БЕЛАСИЦА (1-0)
1-0 – 8′ – ГООООЛ ЗА РЕНОВА. Бојан Миовски, по еден брз контранапад, носи водство за Ренова
РАБОТНИЧКИ – ВАРДАР (0-1)
0-1 – 6′ – ГООООЛ ЗА ВАРДАР. Брдаровски нафрли од десната страна, а Цветановски најдобро се снајде во петерецот и го отвори резултатот
- Нова градска пресметка меѓу Работнички и Вардар…

- Стартуваа четири натпревари од 24. коло во Првата македонска фудбалска лига. Дуелот меѓу Победа и Академија Пандев е одложен за 1. мај.
======================================================================================
Во 24. коло од новата сезона 2018/2019 во македонската Прва лига, дербито се игра на „Филип Втори“ каде Работнички е домаќин на Вардар. Лидерот Шкендија гостува во Кратово, а Шкупи во Чаир ја пречекува Македонија ЃП.
Сите најнови случувања, шанси и голови од денешните средби ќе можете да ги следите во живо на ЕКИПА.МК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

