ПРВА ЛИГА ВО ЖИВО: Вардар не може со Беласица, Шкендија убедлива против Шкупи, „пандевци“ триумфираа против Работнички… (ФОТО)

Скопје: ВАРДАР – БЕЛАСИЦА (1-1)

Мицевски 30′ – Ивановски 72′

Тетово: ШКЕНДИЈА – ШКУПИ (3-0)

Фазли 15′, Емини 40′, Алими 82′

Турново: АК. ПАНДЕВ – РАБОТНИЧКИ (1-0)

Дориев 53′

Кичево: ПОБЕДА – СИЛЕКС (2-0)

Набуезе Чиназорм 60′, Танушев 90′

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – РЕНОВА (1-2)

Тантуровски 15′ – Стојановски 60′, Рамадани 62′

Standings provided by Sofascore LiveScore

======================================================================================

  • Крај на сите натпревари од 13. коло во ПМФЛ!
  • Крај и на стадионот во Маџари. Како и во првата меѓусебна средба сезонава, Вардар и Беласица ремизираа со идентични 1-1!
  • Крај во Кичево. Победа славеше против Силекс со 2-0!

ВАРДАР – БЕЛАСИЦА (1-1)

1-1 – 89′ – Убава шанса за Лира, но голманот на гостите Пашовски одлично интервенира пред него

ПОБЕДА – СИЛЕКС (2-0)

2-0 – 90′ – ГООООЛ ЗА ПОБЕДА. Ѓорѓи Танушев ја потврдува победата на прилепчани против Силекс

ШКЕНДИЈА – ШКУПИ (3-0)

3-0 – 82′ – ГОООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Ефектен гол на Арменд Алими кој со извонреден шут откосо стрела под гредата од голот на Шкупи

АК. ПАНДЕВ – РАБОТНИЧКИ (1-0)

78’ – Пандев центрираше, а Миловановиќ со глава шутираше за малку крај голот

ВАРДАР – БЕЛАСИЦА (1-1)

77′ – Премногу калкулантска игра на Вардар, крајно лошо издание, па следеше казната од Филип Ивановски….

ВАРДАР – БЕЛАСИЦА (1-1)

1-1 – 72′ – ГОООООЛ ЗА БЕЛАСИЦА. Поранешниот „вардарец“ Филип Ивановски погодува за Беласица за израмнување во Маџари. Прекрасен гол на Ивановски со шут од 18 метри!

АК. ПАНДЕВ – РАБОТНИЧКИ (1-0)

67’ – Сашко Пандев шутира над голот од изгледна позиција

МАКЕДОНИЈА ЃП – РЕНОВА (1-2)

1-2 – 62′ – ГООООЛ ЗА РЕНОВА. За само две минути, Ренова доаѓа до целосен пресврт. Гол на Емран Рамадани за водство од 1-2

МАКЕДОНИЈА ЃП – РЕНОВА (1-1)

1-1 – 60′ – ГООООЛ ЗА РЕНОВА. Кој друг ако не Влатко Стојановски израмнува за „гипсарите“

ПОБЕДА – СИЛЕКС (1-0)

1-0 – 60′ – ГООООЛ ЗА ПОБЕДА. Прилепчани поведуваат во Кичево со погодокот на Набуезе Чиназорм

АК. ПАНДЕВ – РАБОТНИЧКИ (1-0)

1-0 – 53′ ГООООЛ ЗА АК. ПАНДЕВ. Илиев нафрли од десната страна, а Љупчо Дориев со удар со глава го матираше Божиновски

  • Почеток на вториот дел на натпреварите од 13. коло во ПМФЛ….

КРАЈ НА ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ…

ВАРДАР – БЕЛАСИЦА (1-0)

43′ – 100% шанса за Беласица. По обидот на Балдовалиев одлично брани Гачевски спасувајќи го Вардар

ШКЕНДИЈА – ШКУПИ (2-0)

2-0 – 40′ – ГООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Одлично нафрлање од левата страна, а Изаир Емини највисок во скокот со глава од 5-6 метри лесно стрела во мрежата на гостите

АК. ПАНДЕВ – РАБОТНИЧКИ (0-0)

38’ – Одличен шут на Сашко Пандев, но Божиновски исфрли во корнер

ВАРДАР – БЕЛАСИЦА (1-0)

1-0 – 30′ – ГООООЛ ЗА ВАРДАР. „Бомба“ на Дарко Мицевски од 22 метри, погодува под гредата од голот на гостите

АК. ПАНДЕВ – РАБОТНИЧКИ (0-0)

21’ – Голема грешка на одбраната на домаќинот, Гофри влезе во шанса, но Чубраковиќ успеа да одбрани

ВАРДАР – БЕЛАСИЦА (0-0)

17′ – Одлична шанса за Бразилецот Лира, но неспретно реагира пред голот на струмична и пропаѓа можноста

МАКЕДОНИЈА ЃП – РЕНОВА (1-0)

1-0 – 15′ – ГООООЛ ЗА МАКЕДОНИЈА ЃП. Дејан Тантуровски ги носи „лавовите“ до водство

ШКЕНДИЈА – ШКУПИ (1-0)

1-0 – 15′ – ГООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Самир Фазли го носи домашните до водство на дуелот во Тетово

ВАРДАР – БЕЛАСИЦА (0-0)

8′ – Без никакви возбудувања на дуелот во Маџари по првите осум минути

ШКЕНДИЈА – ШКУПИ (0-0)

8′ – По корнерот од левата страна на Алими, Муслиу највисок во скокот со глава но само сантиметри покрај десниот дирек од голот на Шкупи

АК. ПАНДЕВ – РАБОТНИЧКИ (0-0)

6′ – Одлична шанса за Миловановиќ, шутира откосо но Божиновски брани

АК. ПАНДЕВ – РАБОТНИЧКИ (0-0)

3′ – Прв обид на Работнички, Петковски шутира од 20 метри но над голот од домашните

ПОЧЕТОК НА НАТПРЕВАРИТЕ ОД 13. КОЛО ВО ПМФЛ…

  • Познати составите за пресметката во Маџари меѓу Вардар и Беласица…

  • Познати и составите за дуелот во Тетово каде Шкендија го пречекува Шкупи…. Шкендија на мечот без својот најдобар фудбалер Бесарт Ибраими.

======================================================================================

Во 13. коло од новата сезона 2018/2019 во македонската Прва лига… Лидерот Вардар ја пречекува Беласица во Маџари, додека Шкендија на мегдан против Шкупи во Тетово.

Сите најнови случувања, шанси и голови од денешните средби ќе можете да ги следите во живо на ЕКИПА.МК.

Се вчитува...