РЕЗУЛТАТИ ВО ЖИВО… ПРВА ЛИГА, 14. КОЛО
Скопје: ШКУПИ – ВАРДАР (1-0)
Сержињо 57′
Тетово: РЕНОВА – ПОБЕДА (2-1)
Стојановски 45′, Гафури 84′ – Танушев 33′
Струмица: БЕЛАСИЦА – МАКЕДОНИЈА ЃП (1-4)
Милушев 19′ – Да Силва 13′, Кировски 34′, 70′, Миовски 90′
Кратово: СИЛЕКС – АК. ПАНДЕВ (1-0)
Георгиев 13′
Скопје: РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА (1-2)
Пеев 28′ – Емини 19′, Митрев 51′ (аг)
======================================================================================
КРАЈ НА СИТЕ НАТПРЕВАРИ ОД 14. КОЛО ВО ПМФЛ!
Крај и на натпреварите на Чаир каде славеше Шкупи и во кратово со победа на Силекс против Академија Пандев!
Крај на дуелот на „Филип Втори“. Победа на Шкендија од 1-2 против Работнички!
БЕЛАСИЦА – МАКЕДОНИЈА ЃП (1-4)
1-4 – 90′ – ГОООЛ ЗА МАКЕДОНИЈА ЃП. Бојан Миовски постигнува гол за веќе убедлива победа на „лавовите“ во Струмица
РЕНОВА – ПОБЕДА (2-1)
2-1 – 84′ – ГООООЛ ЗА РЕНОВА. Арѓент Гафури постигнува гол за пресврт во Тетово и водство на Ренова
РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА (1-2)
84’ – Пеев шутира силно, но Захов одбрани
РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА (1-2)
80’ – Оливер Пеев се закани со шут од далечина, но за малку не беше прецизен
БЕЛАСИЦА – МАКЕДОНИЈА ЃП (1-3)
1-3 – 70′ – ГООООЛ ЗА МАКЕДОНИЈА ЃП. Христијан Кировски со својот втор гол носи предност и од 1-3 за Македонија ЃП
РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА (1-2)
69’ – Петар Петковски проби по левата страна, шутираше, но Захов одбрани

ШКУПИ – ВАРДАР (1-0)
63′ – Шут на Бразилецот Јуфо, на над голот на Шкупи
ШКУПИ – ВАРДАР (1-0)
1-0 – 57′ – ГООООЛ ЗА ШКУПИ. Одличен центаршут од десна на Броја, а на вториот дирек Бразилецот Сержињо кој со глава од 5-6 метри стрела прецизно во мрежата на Гачевски
ШКУПИ – ВАРДАР (0-0)
54′ – Бразилецот Лира во убава шанса, шутира од свртување од десеттина метри но над голот на Шкупи
РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА (1-2)
1-2 – 51′ – ГОООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Гледи Мици центрираше од левата страна, а пред домашниот гол Деан Митрев лошо интервенираше и си постигна автогол

ПОЧЕТОК НА ВТОРОТО ПОЛУВРЕМЕ…
- Крај на првиот дел од сите натпревари во 14. коло од ПМФЛ
- Крај на првото полувреме на „Филип Втори“ и во Кратово
РЕНОВА – ПОБЕДА (1-1)
1-1 – 45′ – ГООООЛ ЗА РЕНОВА. Влатко Стојановски го израмнува резултатот во Тетово
ШКУПИ – ВАРДАР (0-0)
40′ – Шанса и за Лира на спротивната страна, но овој пат Алексовски одбрани спречувајќи гол на Вардар
ШКУПИ – ВАРДАР (0-0)
38′ – Одлична шанса за Шкупи. Шутираше Рон Броја од непосредна близина, но Гачевски одбрани исфрлајќи во корнер

РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА (1-1)
35’ – Стјепановиќ шутира од далечина, Захов исфрли во корнер
БЕЛАСИЦА – МАКЕДОНИЈА ЃП (1-2)
1-2 – 34′ – ГООООЛ ЗА МАКЕДОНИЈА ЃП. Христијан Кировски повторни ги носи „лавовите“ до водство на дуелот во Струмица
РЕНОВА – ПОБЕДА (0-1)
0-1 – 33′ – ГООООЛ ЗА ПОБЕДА. Ѓорѓи Танушев ја носи Победа до водство на дуелот во Тетово
РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА (1-1)
1-1 – 28′ – ГООООЛ ЗА РАБОТНИЧКИ. По корнерот од левата страна на Стјепановиќ, Пеев зафати волеј удар од пеналтикот и го совлада Захов
РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА (0-1)
21’ – Петар Петковски се обиде од 20 метри, но крај голот
БЕЛАСИЦА – МАКЕДОНИЈА ЃП (1-1)
1-1 – 19′ – ГООООЛ ЗА БЕЛАСИЦА. Александар Милушев брзо го израмнува резултатот во Струмица
РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА (0-1)
0-1 – 19′ – ГОООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Убаво нафрлување на Мици од левата страна, а Изаир Емини од 7-8 метри непречен од никого сместува во мрежата на домашните
БЕЛАСИЦА – МАКЕДОНИЈА ЃП (0-1)
0-1 – 13′ – ГООООЛ ЗА МАКЕДОНИЈА. Бразилецот Робсон Да Силва ги носи гостите до предност во Струмица
СИЛЕКС – АК. ПАНДЕВ (1-0)
1-0 – 13′ – ГООООЛ ЗА СИЛЕКС. Бобан Георгиев ги носи кратовци до водство на дуелот против Академија Пандев. Дарко Додев одлично продре по десната страна, шутираше откосо, голманот одбрани, налета Бобан Георгиев и ја затресе мрежата

РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА (0-0)
7’ – Два корнери во серија за Шкендија, но без посериозна можност за да се загрози голот на Работнички
5′- Мирни почетни минути на сите натпревари од ова коло во шампионатот.
- ПОЧЕТОК НА НАТПРЕВАРИТЕ ОД 14. КОЛО ВО ПМФЛ…
Пред почетокот на дуелот на Чаир, досегашниот капитен на Шкупи, Суад Зендели завршувајќи ја својата играчка кариера доби пригодни подароци од раководството на чаирчани…

Сето тоа испратено и од навивачката група на Шкупи, „Шверцерите“ со пиротехничко шоу…

- Познати составите и за дуелот меѓу Шкупи и Вардар на Чаир….

- Познати составите за пресметката на „Филип Втори“ меѓу Работнички и Шкендија…

======================================================================================
Во 14. коло од новата сезона 2018/2019 во македонската Прва лига… Шкендија гостува на Работнички во Скопје, а интересна средба ги очекува и Шкупи и Вардар на Чаир.
Сите најнови случувања, шанси и голови од денешните средби ќе можете да ги следите во живо на ЕКИПА.МК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
