Четири гостински победи остварија екипите кои се на делба на првото место во Првата македонска лига, што од друга страна значи дека нема промени на првенствената табела…
ТОП 8
ВАРДАР – БОРЕЦ БАСКЕТ 70:95
По релативно изедначениот прв период, велешани направија висока предност во вториот. Десет минути во кои реализираа парцијално (20-6). за водство (47:28), кое на крајот им беше доволно за успех на ова гостување.
Најискусниот во нивните редови, Штерјов, реализираше и најмногу поени – 26. Американецот Јанг имаше 18, а Трпески уште 17 поени. Во домашниот тим, Стојановски даде 19.поени, Митевски 17, а Данев уште 14 поени.
ВОДНО САНС – СОКОЛИ 1933 68:108
Ангажманот на Нацевски, донесе уште повисока ефикаснот во играта на екипата на Штип. Потврдено веќе на гостувањето во Скопје и дуелот со екипата на Водно Санс. Веќе на полувремето, екипата на Соколи 1933 обезбеди висока позитива (57:35), која дополнително ја зголемија во третата четвртина (ја добија со 34-18).
Нацевски застана на 22 поени, Караколев имаше 17, Блажевски 15, а Хамилтон и Мирков уште по 10. Кај Водно санс, Сребров постигна 18 поени.
ОХРИД – БУТЕЛ 69:116
Мошне ефикасна игра прикажаа и кошаркарите на Бутел, на гостински терен во салата „Билјанини извори“ во Охрид. Одиграа одлично прво полувреме во кое дојдоа до голема предност. Имаа вишок од неверојатни 36.поени (64:28), доволни за да ја продолжат серијата на победи кои ги оставаат на делба на првото место, со сериозни шанси за место во елитната конкуренција.
Бутел имаше петмина двоцифрени кошаркари на ова гостување. Ги предводеше Атанасов кој постигна 24.поени. Кнежевиќ имаше 22, Јанески 17, Андоновски 12, а Лазаревски уште 10.поени.
Во екипата од Охрид, Димитриевски и Бојоски реализираа по 14.поени.
МЕГА БАСКЕТ – СТРУМИЦА 2001 90:98
Најголема битка вл ова коло од ТОП 8 групата, се водеше во Прилеп, каде струмичани славеа со осум поени разлика. А се лини дека како пресудни се покажаа оние први десет минути од овој натпревар во кој гостите поведоа со десет поени прендост (31:21). И не ја испуштија до самиот крај на средбата во која Александровски постигна, најмногу, 26.поени, Д.. Пандев даде 18, Масевски 14, а Коцев уште 11. поени за Струмица 2001. Кај Мега баскет, Настевски даде 19 поени, Митков 18, а Враниќ 14 поени.
ПРВА МАКЕДОНСКА ЛИГА
ТОП 8
РЕЗУЛТАТИ 3.КОЛО
Вардар – Борец баскет 70:95
Водно санс – Соколи 1933 68:108
Охрид – Бутел 69:116
Мега баскет – Струмица 2001 90:98
ТАБЕЛА
1.Бутел 9 6 3 805:690 15
2.Соколи 1933 9 6 3 719:620 15
3.Струмица 2001 9 6 3 734:662 15
4.Борец баскет 9 6 3 744:741 15
5.Мега баскет 9 4 5 792:810 13
6.Вардар 9 4 5 746:797 13
7.Водно санс 9 2 7 730:8113 11
8.Охрид 9 2 7 625:762 11
ИДНО КОЛО (07.03)
Соколи 1933 – Вардар
Борец баскет – Мега баскет
Струмица 2001 – Охрид
Бутел – Водно санс
ПЛЕЈ-АУТ ЛИГА
РЕЗУЛТАТИ 3.КОЛО
Младинец – Струмица Ролинг 82:77
Тетекс ТТК – Овче поле 90:80
Црн Дрим – Спортисимо 75:79
ТАБЕЛА
1.Тетекс ТТК 7 6 1 574:470 13
2.Овче Поле 7 5 2 617:516 12
3.Црн Дрим 7 4 3 593:530 11
4.Струмица Ролинг 7 3 4 508:564 10
5.Младинец 7 2 5 546:625 9
6.Спортисимо 7 1 6 486:619 8
ИДНО КОЛО (07.03)
Овче поле – Црн Дрим
Струмица Ролинг – Тетекс ТТК
Спортисимо – Младинец
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

