Кошаркарските прволигаши денеска ќе ги одиграат натпреварите од 12. коло, што за поголемиот дел од нив ќе претставува „генерална проба“ пред завршниот турнир од Купот на Македонија што ќе биде на програмата следниот викенд во Кавадарци.
Во ситуацијата кога патниците во Супер-лигата се речиси познати, за очекување е дел од тренерите да тактизираат, па и да сочуваат дел од силите за претстојните куп-пресметки. Дербито на ова коло се игра во Куманово, каде актуелниот вицешампион ќе го пречека составот на Фени индустри. Кавадарчани се наоѓаат во серија од три победи, но сигурно ќе имаат тешка задача против кумановци, кои играат особено добро на домашен терен.
Првите две средби од оваа рунда се играат во Скопје, Работнички без помошта на Владо Илиевски ќе го пречека Охрид, додека Вардар ќе биде домаќин на Кожув. Во битката за опстанок, Струмица ќе се обиде да го совлада тимот на Пелистер, откако битолчани го добија првиот дуел меѓу овие два тима со 71-67.
Прва лига, 12. коло:
Вардар – Кожув (17 часот), Работнички – Охрид (17 часот), Струмица – Пелистер (18 часот), Куманово – Фени индустри (19 часот).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА