Прва лига-жени: Гризли e во плејофот, има место за уште еден четвртфиналист

Новалијата на мак-баскет сцената, Гризли Баскет го освои првото место во групата „Б“ и со тоа им се приклучи на Бадел 1862, Баскет Кам, Вардар, МЗТ Скопје, Крива Паланка и Струга 2009 во „елитното“ друштво на премиерлигаши кои ќе се борат во разигрувањето за титула.

Плејофот започнува од четвртфиналето, а таму има место за уште еден тим, победникот од двомечот помеѓу Пробаскет и Трокал кои се во битка за второто место во групата „Б“. Победникот од овој двомеч за противник во првата фаза од разигрувањето ќе го има тимот на Баскет Кам.

Останатите парови ги сочинуваат: Бадел 1862 и Гризли, Вардар и МЗТ Скопје, односно Крива Паланка и Струга 2009.

Термини за одигрување на четвртфиналните серии се 16, 20 и 27.април, а во полуфиналето кое почнува на 30.април ќе се пласира тимот кој ќе подобар во три натпревари. Финалната серија која ќе се игра до три победи започнува на 11 мај.

Се вчитува...