Прва лига жени: Шампионот го зеде последниот полуфинален билет

Екипата која го брани шампионскиот трофеј – Баскет кам 2011 е последниот учесник во полуфиналната серија на плеј-офот во женската кошаркарска лига на Македонија.

Во вториот натпревар од четвртфиналната серија, екипата од Македонска Каменица беше убедлива на гостувањето во Делчево каде го порази новиот член на Првата А“ лига – Патриот 2016 со 55-96. Така, Баскет Кам со максимални (2-0) ја затвори оваа серија, и се пријави во првата „четворка“, која ќе разигрува за големиот пехар.

Димова беше прво поентерско име на мечот во Делчево, реализираше 35 поени за победничката екипа. Зубац ја следеше со 23 поени, додека Кметовска постигна 14 поени. Во домашниот состав, Радукова постигна 17, а Ангеловска додаде 15 поени.

Противник на патот во одбрана на титулата ќе им биде екипата на Kрива Паланка, која исто така во само два натпревари го елиминира МЗТ Скопје.

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ – ПЛЕЈ-ОФ – ЧЕТВРТФИНАЛЕ

РЕЗУЛТАТИ

Патриот 2016 – Баскет кам 2011        55:96 (0-2)

Крива Паланка – МЗТ Скопје Аеродром 80:50 (2-0)

Пробаскет – Вардар        54:75 (0-2)

Бадел 1862 – Куманово-Гризли          56:78 (0-2)

ДВОЈКИ – ПОЛУФИНАЛЕ

Баскет Кам 2011 – Крива Паланка

Вардар – Куманово-Гризли

Се вчитува...