Четвртото коло од Првата лига во женскак конкуренција донесе четири интересни натпревари во кои на победи се радуваа Вардар, МЗТ Скопје Аеродром, Баскет КАМ и Струга 2009.
Во групата „Исток“ за прв пат сезонава имавме целосно одиграно коло. Убедлив триумф од 68-110 забележа Вардар на гостувањето против Крива Паланка, додека пак првиот триумф во сезоната го запишаа и кошаркарките на МЗТ Скопје Аеродром кои славеа на домашен терен против Куманово со 67-33. Убедлив беше и тимот на Баскет КАМ кој славеше против Пробаскет со 91-46. Катерина Поп Димитровска со постигнати 39 поени беше убедливо најдобра на овој натпревар.
Во групата „Запад“ беше одигран само еден натпревар во кој Струга 2009 ја оправда фаворитската улога и славеше на гостувањето против Трокал со 44-68. Одложени беа средбите Бадел 1862 и Гостивар, односно Работнички и Шкупи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА