Репрезентативната пауза дополнително го одложи почетокот на Првата лига во женската конкуренција, која сега конечно започнува овој викенд. Новата сезона ќе брои 13 клубови поради откажувањето на Патриот 2016 од Делчево, а истата ќе биде поделена во две групи – исток и запад.
Во групата „Исток“ силите ќе си ги одмерат: Баскет КАМ, ЖКК Куманово, Крива Паланка, ЖКК МЗТ Скопје Уни Банка, ЖКК Вардар и Пробаскет, додека пак во групата „Запад“ ќе се сретнат: Трокал, Пантери, ЖКК Шкупи, ЖКК Бадел 1862, ЖКК Работнички, Гостивар 2009 и Струга 2009.
Во двете групи ќе бидат одиграни два меѓусебни натпревара помеѓу екипите по што следи Суперлигата во која ќе бидат пренесени бодовите. Екипите пласирани од 4 до 7. место од двете лиги продолжуваат во плеј-аут лигата, со пренесени бодови од првиот дел на првенството. Последнопласираните шест екипи од плеј-аут лигата од следната натпреварувачка сезона 2021/2022 испаѓаат во Втора лига жени.
Првите четири екипи од двете групи ќе разигруваат во плејофот во форматот прв во четврти, додека значење ќе имаат и регуларните натпревари со тоа што екипата која во првиот и вториот дел има предност од 4-0 или 3-1 во меѓусебен дуел, со предност од 1-0 ќе започне во плејофот.
Првото коло започнува со пет натпревари во кои силите ќе си ги одмерат Крива Паланка и МЗТ Скопје Уни Банка, Вардар и Пробаскет, Пантери и Шкупи и Гостивар и Струга 2009. Тимот на Куманово ќе биде слободен, додека одложен е натпреварот помеѓу Бадел 1862 и Работнички.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА