Фудбалерите на Тиквеш и Работнички одиграа без голови 0-0 во единствениот натпревар од денешната програма од воведното коло од новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.
Првата шанса домаќините ја имаа уште во 3. минута кога Стојковски од непосредна близина биеше кон голот на Василев, но голманот на Работнички одлично интервенираше.
Домаќините и во следниот период пробуваа да го загрозат голот на противникот, но иако беа поконкретни не успеаја да создадат некоја поголема шанса, па по 25 минути се уште стоеја почетните 0-0.
Гостите првпат се заканија во 30. минута од мечот кога една незгодна топка од слободниот удар на Далеј ја промашија сите во шеснаесетникот на Тиквеш, но некако успеа со последни сили да интервенира Стевковски. Елези во 40. минута можеше да донесе водство за гостите, но од два метри не успеа да го затресе голот на домаќините.
Во вториот дел падна темпото на игра, па на влезот во последните 20 минути сеуште стоеја почетните 0-0. Најголемата шанса во вториот дел ја имаа гостите откако Бошнаков во 86. минута излезе сам еден на еден против Стевковски, но и овојпат подобар од противниците беше голманот на кавадарчани.
ПМФЛ 1. КОЛО:
ПЕТОК:
ШКЕНДИЈА – ШКУПИ 5-1
ВАРДАР – ПЕЛИСТЕР 4-1
САБОТА:
БАШКИМИ – АРСИМИ 1-1
СТРУГА ТЛ – МАКЕДОНИЈА ЃП 2-0
ДЕНЕСКА:
ТИКВЕШ – РАБОТНИЧКИ 0-0
ПОНЕДЕЛНИК:
СИЛЕКС – АП БРЕРА
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

