Прва победа на фудбалерките во квалификациите, убедливо совладана Андора

Македонската женска фудбалска репрезентација триумфираше над Андора со 3-0 во квалификациите за пласман на Светското првенство, и така ја остварија првата победа во квалификациите, во вториот меч.

Македонија доминираше на денешниот меч на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола, и заслужено дојде до трите бода.

Галабовска во 17. минута на асистенција на Марковска успеа да го отвори резултатот. Стрелецот на првиот гол, во 20. минута асистент на вториот гол до Меијер, која успеа да зголеми на 2-0.

Грозданова во 83. минута со прекрасен гол успеа да ги постави конечните 3-0 на овој меч.

 

Се вчитува...