Прва победа на јуниорките на ЕП во Литванија

Македонската женска младинска кошаркарска репрезентација до 18 години ја забележа првата победа на Европското првенство во „Б“ дивизија кое се одржува во Литванија совладувајќи ја Австрија со 78-70 во натпреварот за пласман од 17. до 21.позиција.

Во изедначениот и драматичен натпревар со голем број на промени во водството пресудна за триумф на македонските кошаркарки беше последната четвртина која ја добивме со 21-11.

Ања Начевска беше прво име кај Македонија со „дабл-дабл“ од 23 поени и 17 скокови. Неа ја следеше Трајковска со 15 поени, додека по 14 поени додадоа Колева и Пислевска.

Се вчитува...