Норвешкиот скијач Фредрик Мелер беше најбрз на денешниот супервелеслалом што се одржа во Бормио, Италија.
Мелер победи со време од 1:29.22 минути и го оствари првиот триумф на Светското првенство. Австриецот Винсент Крихмајр го освои второто место, со заостанување од 0,20 секунди од победникот. Третото место му припадна на Швајцарецот Алексис Пани со 0,24 секунди заостанување.
Лидерот во Светскиот куп, Швајцарецот Марко Одермат, кој беше само петти со 0,45 секунди заостанување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА