Кошаркарите на ТФТ во третото коло од регионалното АБА 2 натпреварување, ја совладаа со 78-68 екипата на Цедевита Јуниор, тим кој во првото коло од ова натпреварување го совлада МЗТ.
Во целосно изедначен натпревар, во кој најголемата предност беше пет разлика до четвртиот период, во финишот ТФТ беше со посилни нерви, и дојде до предност во еден миг и до осум поени предност, што беше клучно за триумфот.
ТФТ почна одлично со 5-0, но противникот брзо се врати. Потоа двата тима се менуваа во водство до крајот на првиот период. Иста слика и во втората четвртина, а на полувремето се замина со „егал“ 39-39.
На стартот од третиот период Цедевита имаше предност од три поени, но ТФТ брзо се врати во игра, и со една супер серија стигна до предност од +7 поени. Но, и хрватскиот тим се врати, па во последната чевртина македонската екипа влезе со минимална предност.
Клучната разлика тимот на ТФТ ја направи во последниот период. Брзо се стекна со предност, која ја задржа до крајот на мечот, и во последните секунди да дојде до најубедливата предност воедно и единствена двоцифрена со која заврши дуелот.
Симонс кај ТФТ беше најефикасен со 19 поени, додека кај хрватската екипа Карачиќ и Коси постигнаа по 16.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА