Норвежанецот Јохан Андре Форфанг стигна до својата прва победа во Светскиот куп во ски скокови оваа сезона, славејќи во Лејк Пласид.
Форфанг го изведе најдобриот скок во првата серија со 130,5 метри, додека во втората серија под многу полоши услови скокна до 121,0 метар, но и тоа му беше доволно за со 259,5 поени да биде подобар од Австријците Јан Херл и Даниел Чофениг, кои завршија на второто, односно третото место.
Херл освои вкупно 256,6 поени со скокови од 125,5 и 122,5 метри, а Чофениг 255,0 поени за скокови од 122,5 и 125,0 метри.
Во вкупниот поредок води Чофениг со 1406 бодови, 183 повеќе од вториот Херл, а дури 482 повеќе од третиот, Штефан Крафт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА