Бостон ја намали негативата од две победи во финалето на Источната конференција во НБА плеј-офот откако славеше во натпреварот број три од серијата со Мајами. „Селтикс“ триумфираа со 117-106 во дуел во кој постојано имаа предност и контрола на резултатот. Беа подобри во сите четвртини со исклучок на последната која му припадна на Мајами со четири поени разлика.
Бостон конечно ги скрати грешките шшо ги правеше во преходните два дуела кога испушташе и двоцифрена предност во двата последовни порази од Мајами. Играчите на Бостон ја зголемија креативноста, ја намалија себичноста и драстично беа подобри во одбраната. Еден од факторите за тоа е враќањето во тимот на Гордон Хејворд. Следниот натпревар од серијата е закажан за в четврток.
Tonight was the first time in NBA history that four players 24 or younger scored 20+ points in a Conference Finals game. @EliasSports
Jaylen Brown: 26 PTS, 23 years old
Jayson Tatum: 25 PTS, 22 years old
Bam Adebayo: 27 PTS, 23 years old
Tyler Herro: 22 PTS, 20 years old pic.twitter.com/QPFSN5MHB2— NBA.com/Stats (@nbastats) September 20, 2020
Џејлен Браун со 26 и Џејсон Тејтум со 25 поени беа поентерски лидери во триумфот. Кај Мајами, Бем Адебајо беше прв стрелец со 27 поени, младиот Тајлер Херо дуелот го заврши со 22 поени. Со овие бројки, играчите на двата тима запишаа историја бидејќи ова беше прв натпревар во НБА на кој во разигрувањето четворица играчи помлади од 24 години постигнале 20 плус поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА