Ракометарите на Голден Арт ја запишаа првата победа сезонава во Суперлигата на Македонија, триумфирајќи во 3. коло против екипата на Скопје 2020 со 30-27.
Голден Арт со активен ритам за континуирано водство го почна натпреварот. Со предност од еден до два гола за домашните се играше првото полувреме, па на крајот Голден Арт на пауза замина со 18-16.
Слично се играше и во вториот дел. Иако гостите постојано се обидуваа да се доближат резултатски, единствено успеаја на осум минути пред крајот на мечот да дојдат до 27-26. Сепак, во финишот домашните ракометари поконцетрирани за конечна победа од 30-27.
До победата Голден Арт беше воден од искусниот Ивица Илиев кој постигна десет гола, а Гошевски и Шилегов запишаа по пет погодоци. Во таборот на Скопје најдобар беше Жарко Барјактаревиќ со седум реализации.
Голден Арт со оваа победа дојде на табелата до петтата позиција со 3 бода, колку што има Скопје 2020. Зад нив на последните две позиции во Групата Б се Радовиш и Јуниор КВ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА