Поранешниот стратег на МЗТ Скопје, Александар Јончевски, ја забележа својата прва победа во српската Супер-лига откако со тимот на Суботица триумфираше над Борац Чачак со резултат 75-68. Суботица без поголеми амбиции влезе во највисокиот ранг на натпреварување, па секој триумф важи за голем успех за македонскиот стратег.
Како клучна се покажа последната четвртина, во која избраниците на Јончевски одиграа фантастично во нападот, постигнувајќи дури 32 поени (32-25).
Специјален гостин на овој натпревар на тимот на Суботица беше легендарниот српски тренер Душан Ивковиќ, кој по мечот им честиташе на кошаркарите и на Јончевски на премиерната победа во Супер-лигата.
Следен предизвик за македонскиот стручњак ќе биде пресметката со Партизан, што Суботица повторно ќе ја игра на домашен терен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА