Кадетската репрезентација на Македонија за кошаркарки до 16 години стигна до првата победа на Европското првенство – Б дивизија што се одржува во Истанбул. Серијата порази во групната фаза придонесе нашите девојки да се борат за пласман од 17. до 19. место, каде Македонија денеска лесно славеше над Азербејџан со резултат 74-68.
Младите кошаркари во црвено-жолто доминираа од самиот почеток, првата четвртина ја завршија со предност од 19-13, продолжувајќи во ист ритам и на одмор заминувајќи со уште поубедливи 40-25. Најубедливата предност на Македонија беше во третиот период кога имавме 62-39 во своја корист, по што дојде до опуштање во редовите на избраничките на селекторот Стојмановиќ. Противникот го искористи тоа за да ја намали негативата (12-24) во последната четвртина, но победата не беше загрожена и Македонија заслужено стигна до првата победа нв овој шампионат.
Колева беше најдобар стрелец со 19 поени, а одлична игра прикажа и Теа Трајковска, реализирајќи дабл-дабл од 11 поени и 10 скокови надополнети со четири асистенции и четири украдени топки.
Утре, рано изутрина од 08.30 часот, нашата кадетска репрезентација ќе го одигра последниот меч на првенството во Истанбул. Противник е селекцијата на Ирска, која претходно, во оваа „мини лига“ на три селекции кои се борат за пласман од 17. до 19. место, загуби минимално од Азербејџан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

