Хајдук барем за кратко се врати на чело на табелата во хрватското првенство откако тимот на нашиот Александар Трајковски славеше на гостувањето против Славен Белупо со минимални 0-1. По големата резултатска криза минатата седмица беше сменет тренерот Леко, на негово место пристигна Мислав Караглан, кој уште на дебито стигна до посакуваните три бода.
Мечот беше решен пред крајот на првото полувреме кога по ударот на Ливаја еден домашен дефанзивец играше со рака, судијата по ВАР-преглед покажа на белата точка, а токму Ливаја беше прецизен изведувач на ударот од белата точка.
Александар Трајковски мечот го почна од клупата за резерви, влезе во игра во второто полувреме, а македонскиот репрезентативец во 94, минута имаше и убава шанса за гол, но домашниот голман го запре неговиот удар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА