Прва радост за Аталанта во новата сезона

Аталанта во третиот обид конечно успеа да стигне до првата победа во новата сезона од Серија А, откако тимот од Бергамо славеше на домашен терен против Лече со убедливи 4-1.

Јируќ повторно се реши да не го вклучи Лукман во екипата, но и без својот најдобар играч во тимот Аталанта целосно доминираше и стигна до заслужена победа. Дефанзивецот Скалвини го отвори резултатот пред крајот на првото полувреме,  а во вториот дел блесна Де Кетеларе со два гола, додека еднаш меѓу стрелците се запиша Жалевски. Лече пред крајот успеа да го ублажи убедливиот пораз преку Ндри.

Во вториот дуел од денешната попладевна програма Удинезе како гостин го совлада Комо со 0-1, со голот што го постигна Браво во 14. минута.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...