Евертон ја забележа првата победа во новата сезона од Премиер-лигата откако „карамелите“ попладнево славеа над Вест хем со 1-0, со голот што го постигна летното засилување Мoпеј на почетокот од второто полувреме. Вест хем, кој инвестираше сериозни пари во засилувања на играчкиот кадар, ја продолжи серијата слаби резултати, па „чеканите“ по седум кола имаат само четири освоени бода (гол-разлика 3-9) и се наоѓаат на очајното 18. место на табелата.
Избраниците на Френк Лампард ремизираа на претходните четири натпревари во Премиер-лигата, за денеска да успеат да ја сочуваат сопствената мрежа незатресена, за три бода и голема радост на „Гудисон парк“.
Дуелот беше решен кога Маупеј одлично се снајде и со прецизен удар од работ на шеснаесетникот го матираше гостинскиот голман. Вест хем се обиде да стигне до израмнување, но „чеканите“ најубавата шанса ја пропуштија откако ударот на Бенрахма заврши во дирекот од голот на Беговиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

