Комо ја слави првата победа во новата сезона во Калчо-лигата, прва во Серија А по 21 година пауза, откако тимот на Цеск Фабрегас приреди големо изненадување како гостин славејќи против Аталанта со 2-3. Фабрегас се соочуваше со опасност од отказ, но одличното издание во Бергамо и заслужениот триумф на неговиот тим дефинитивно ќе му донесат мир на младиот шпански стратег во наредниот период.
Аталанта од друга страна продолжува со слабите игри од стартот на сезонава, ова беше трет пораз за избраниците на Гасперини во петтиот калчолигашки дуел, по што оваа екипа остана на 12. место на табелата.
А вечерашниот меч почна одлично за домаќините, кои преку Запакоста први стигнаа до предност. Комо пропушти две шанси пред крајот на првото полувреме, но затоа гостите беа максимално прецизни во првата акција од второто полувреме, кога по дваесетина секунди игра преку Стрефеца стигнаа до израмнување. Комо имаше и многу среќа при вториот гол, кога по ударот на Паз од дваесетина метри топката го закачи Колашинац и заврши во мрежата.
Домаќините беа во нокдаун, а избраниците на Фабрегас го искористија тоа и преку Гамбиецот Фадера ставија печат на големата победа. Аталанта до крајот успеа само да ублажи на 2-3, со пеналот што буквално во последната секунда го реализира Лукман по прекршокот над младиот Влаховиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА