Вецлар на нашите Филип Кузмановски и Филип Миркуловски во петтиот обид конечно стигна до првата бундеслигашка победа, славејќи попладнево над екипата на Бергишер со резултат 29-24.
Тимот на Вецлар катастрофално ја почна сезонава, но собра сили за консолидација и денеска благодарение на одличната игра во одбраната стигна до посакуваниот триумф. На одмор се замина со минимално водство на Вецлар од 12-11, клучен беше стартот на второто полувреме во кое домашниот состав дојде до „плус шест“ (19-13) и потоа рутински ја одржуваше предноста до самиот крај.
Миркуловски е прв асистент во стручниот штаб на Вецлар, Кузмановски имаше еден гол и една асистенција во денешниот триумф, а најефикасни кај победничкиот тим беа Новак со десет и Рубин со пет погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА