Партизан се израдува на првата евролигашка победа сезонава откако „црно-белите“ одиграа импресивно прво полувреме против Баерн Минхен, трасирајќи си го патот кон победата што на крајот беше изразена со конечните 86-78. Навивачите на белградскиот тим повторно направија атмосфера за паметење во „Арена“, мотивирајќи ги избраниците на Жељко Обрадовиќ кои со агресивна одбрана ги исфрлија од ритам баварците од самиот почеток на дуелот.
„Црно-белите“ делуваа супер-импресивно, како во нападот, така и во одбраната, па на одмор заминаа со преубедливи 20 поени разлика (43-23). Преубедливата предност беше задржана и во текот на третиот период, а во последните десет минути дојде до пад во концентрацијата кај домашниот тим, што Баерн го искористи за да ја намали негативата на пристојни „минус осум“.
Стерлинг Браун беше најефикасен со 22 поени (16 од нив во првото полувреме), Карлик Џонс постигна 14 поени, а Бонга и Тајрик Џонс го завршија мечот со по 13 поени за победничкиот тим. Најдобар поединец кај Баерн во вечерашниот пораз беше Обст со 15 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА