Сара Ристовска и ЦСКА Москва ја забележаа првата победа во новата сезона од Лигата на Шампионите, триумфирајќи на домашен терен против Кастамону со резултат 34-27.
Откако дуелот од првото коло против Мец беше одложен, Ристоска и нејзините клупски колешки денеска беа на висина на задачата, користејќи ја предноста на домашниот терен за заслужена победа. Гостинските ракометарки долго време умешно парираа, но по тајмаутот на домашниот тренер при резултат 22-21 тимот на ЦСКА конечно влезе во посакуваниот ритам и на крајот стигна до убедлива победа.
Сара Ристовска одигра уште еден одличен меч во елитното европско натпреварување постинувајќи пет гола со само едно промашување. Македонката беше втор стрелец во својот тим, зад Ана Грос, која десет пати стрелаше прецизно на овој натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА