Црвена Звезда стигна до првата евролигашка победа откако по голема битка вечерва го совлада тимот на Баерн Минхен со 78-72. Двата тима влегоа во дуелот со по четири порази во првите четири рунди, што донесе дополнителен притисок врз кошаркарите на Црвена Звезда, но и на Баерн. Фуриозно на стартот тргнаа домаќините, добивајќи ја првата четвртина со 28-17, но Баерн се врати во вториот период, стигна и до предност, пред Вилдоза и Недовиќ со тројки пред самиот крај на полувремето ја ја одведат Црвена Звезда на одмор со минимални 44-43.
„Црвено-белите“ беа подобар противник и во голем дел од второто полувреме, на пет минути до крајот имаа предност од 12 поени, но Баерн успеа да се врати. За среќа на АБА-шампионот, шутот од далечина не ги служеше баварците (7/31 за тројка), па Црвена Звезда се израдува на првиот триумф во елитното европско натпреварување. Вилдоза со 20 поени и шест асистенции беше прв стрелец на победничкиот тим, а проблем за „црвено-белите“ дефинитивно ќе биде повредата на Митровиќ, кој побара измена во првата четвртина и повеќе не се врати на теренот.
Фенербахче остана единствен тим со перфектен скор во Евролигата откако тимот на Итудис го доби турското дерби со европскиот првак Анадолу Ефес, на гостински терен со 79-88. Гудуриќ и Вилбекин го предводеа атомскиот напад на Фенер со кој „сино-жолтите“ стигнаа до двоцифрена предност, Ефес на чело со Мициќ не се предаваше до самиот крај, но Фенербахче сепак го задржа водството до самиот крај, за конечни 79-88.
Фенер шутираше тројка со неверојатни 53,8% (14/26), а најфикасни беа Вилбекин со 25 и Гудуриќ со 19 поени. Кај Анадолу Ефес расположен беше Мициќ со 19 поени и пет аситенции, но потфрли Вил Клајбурн реализирајќи само осум поени со шут 4/11.
John Holland (pit)bullies his way to the RIM! 💣pic.twitter.com/juA8P14OE2
— BasketNews (@BasketNews_com) October 28, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА