Војдан Стојановски се израдува на првата победа во Лигата на шампионите на ФИБА откако македонскиот репрезентативец со По Ортез славеше над полскиот претставник Анвил со резултат 85-77.
Полјаците успешно парираа се до последната четвртина, кога францускиот состав успеа да се одлепи и да стигне до триумф, прекинувајќи ја серијата од четири порази во ова европско натпреварување. Стојановски поради проблеми со личните грешки немаше голема минутажа во првото полувреме, но беше на теренот кога По Ортез го скрши отпорот на Анвил. Токму Македонецот со украдената топка и изнудената неспортска лична грешка на две и пол минути до крајот стави крај на сите надежи на гостите дека можат да направат пресврт и да стигнат до победата на оваа средба.
Војдан Стојановски го заврши натпреварот со 10 поени и 4 скокови, а По Ортез и покрај вечерашната победа се наоѓа во долниот дел од табелата, со минимални шанси за пласман во следната фаза од Лигата на шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА