Групната фаза од СП 2018 се уште не е завршена, а веќе падна и првата селекторска „жртва“ на овој мундијал. Не станува збор за Аргентинецот Сампаоли, како што беше најавувано, туку за Хектор Купер, кој од вечерва и дефинитивно повеќе не е селектор на Египет.
Тој по долга пауза ги однесе „фараоните“ на еден мундијал, но општ впечаток е дека Египќаните разочараа, не освојувајќи ниту еден единствен бод на дуелите со Уругвај, Русија и Саудиска Арабија.
„Одржавме состанок по враќањето од Русија и решивме да му се заблагодариме на услугите на Хектор Купер и на неговиот стручен штаб. Ја цениме работата на селекторот, од стигнување на Купот на Африкански Нации до пласманот на ова СП по пауза од 28 години, но дојде време за разделба“ – порачаа од Египетската Фудбалска Асоцијација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА