Прва сензација на Евробаскетот: Грузија и Џикиќ ја демолираа Шпанија!

Првиот изненадувачки резултат на Евробаскетот 2025 го приреди селекцијата на Грузија која ја предводи поранешниот македонски селектор Александар Џикиќ, победувајќи ја убедливо фаворизираната Шпанија со 83-69.

По израмнетото прво полувреме, Грузијците предводени од Шенгелија одиграа извонреден втор дел целосно надигрувајќи Шпанците кои имаат катастрофален шут, поради кој и не можеа да се надеваат на можност за победа.

Шпанија, со подмладен состав, и двајца 19-годишни плејмејкери на Евробаскетот, се чини нема да може да игра запазена улога на овој европски собир.

Мамукалешвили со 19 поени, 7 скока и 6 асистенции ги предводеше Грузијците заедно со Битадзе со 15 поени и пет скока, а Шенгелија заврши со 12 поени и по два скока и асистенции. Кај Шпанците се издвои Хернангомез со 13 поени и 8 скока.

Израел, пак, ја оправда фаворитската улога и го победи Исланд со 83-71.

Соркин ги предводеше Израелците со 31 поен, а Авдија заврши со 20 поени и девет скока.

Се вчитува...