Тони Симиќ повеќе не е тренер на новиот македонски кошаркарски прволигаш Шкупи откако по трите порази на стартот на сезоната од МЗТ Скопје, Работнички и Чаир 2030 стратегот и раководството на клубот се одлучија за промена.
Симиќ заминува, а кој ќе биде неговиот наследник останува неизвесно па до пронаоѓање на следниот тренер оваа функција ќе ја врашат помошниците Божиновски, Мифтари и Багавци.
Поранешниот тренер на Работнички, Академија ФМП и Баскет Кам го превзема Шкупи на почетокот на минатата сезона и со успех го предводеше во второлигашката конкуренција изборувајќи камбек меѓу македонската кошаркарска елита.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА