Англискиот премиерлигаш Брајтон одлучи да се раздели со менаџерот Крис Хјутон само еден ден откако обезбеди опстанок во елитното фудбалско друштво. Во последното коло, Брајтон загуби на домашен терен од Манчестер Сити со 1-4, резултат со кој „граѓаните“ успеаја да ја одбранат шампионската титула. Тој го водеше тимот во последните 4,5 години, а раководството одлучи да ја прекине соработката со него иако имаше актуелен договор до 2021 година.
Брајтон го заврши првенството на 17. позиција, веднаш над трите тимови кои испаднаа во понизок ранг на натпреварување.
Хјутон е седмиот менаџер кој заминува од Премиер – лигата, прв по заокружувањето на шампионатот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА