Новата сезона во Формула 1 шампионатот официјално ќе стартува утре со трката за Големата Награда на Австралија, на која од пол-позицијата ќе стартува Луис Хамилтон. Возачот на Мерцедес уште еднаш покажа дека е доминантен во однос на ривалите, минувајќи еден круг за најбрзо време од 1:22.188 минута.
Во ситуација кога Нико Розберг веќе не му е конкурент, Хамилтон со денешното издание само уште еднаш потврди зошто важи за главен фаворит за титулата за оваа година. Од втората позиција утрешната трка ќе ја стартува Себастијан Фетел, кој најави подобри денови за Ферари, додека третопласиран ќе биде новиот тимски колега на Хамилтон, Валтери Ботас.
Кими Раиконен од Ферари ќе ја стартува трката од четвртото место, а зад него ќе бидат Верстапен, Грожан, Маса, Саинц, Квајат и Рикиардо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА