Прва задача за Начевски и Николов на СП

Најдобрата македонска ракометна судиска двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов денеска ќе ја имаат првата задача на Светското првенство во Шведска и Полска. Светската ракометна федерација ги делегираше нашите најдобри судии за мечот меѓу Бахраин и Тунис.

Овој дуел се игра во „Малме Арена“ со почеток во 18 часот, a Тунижаните се фаворити за триумф.

Делегат на овој натпревар ќе биде Драган Начевски. Во втората средба од оваа група играат Белгија и Данска.

Се вчитува...