Прва жена на клупата на шпанската репрезентација

Неколку дена по отказот на Хорхе Вилда, фудбалската федерација на Шпанија назначи нов селекор на женската репрезентација. Станува збор за Монсент Томе која влезе во историјата. 41-годишната Шпанка е првата жена која добила шанса да предводи шпанска фудбалска репрезентација.

Томе добро ја познава репрезентацијата со оглед на тоа што беше помошен тренер уште од 2018 година. Како што информираат од шпанската репрезентација „таа се покажа како главна личност која придонела за голем развој и напредок на репрезентацијата“.

Се вчитува...