Давид Луиз е подготвен да си замине од Челси и да се пресели во Реал Мадрид, откако „кралскиот клуб“ во последните денови стапил во контакт со англискиот првак со желба да го доведе бразилскиот ас на „Сантијаго Бернабеу“. Во изминатите денови „кралевите“ се поврзуваат со бројни имиња, но според шпанските медиуми претседателот Флорентино Перез настојува што поскоро да ги финишира преговорите и да го договори доаѓањето на Луиз.
Овој фудбалер е во конфликт со Антонио Конте, што го прави достапен за трансфер од Челси, а лондонскиот клуб бара „само“ 30 милиони евра за неговите услуги. Европскиот шампион е подготвен да ја плати оваа сума, за Рамос и Варан да добијат достојна конкуренција по заминувањето на Пепе. И самиот Луиз е загреан за овој мегатрансфер, со оглед на фактот дека би добил шанса да заигра во силната шпанската лига, откако претходно настапуваше во Португалија, Премиер-лигата и во францускиот шампионат.
Реал Мадрид заостанува осум бода зад Барселона во Примера дивизион, а Флорентино Перез го признава својот дел од вината, откако не доведе адекватни замени за неколкуте врвни фудбалери кои летово ги пушти да си заминат. Давид Луиз би бил одлична замена за Пепе, но навивачите се во исчекување на најмалку едно зимско засилување за нападот, како замена за Хамес Родригез или Алваро Мората.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА