Првата честитка за Меси, дојде од Нејмар (видео)

Нејмар и Меси се големи пријатели надвор од теренот, синоќа водеа жестока битка на теренот на „Маракана“, но веднаш по последниот судиски свиреж првата честитка за аргентинската фудбалска легенда пристигна од неговиот бразилски пријател.

Додека „гаучосите“ го креваа на раце селекторот Скалони, Нејмар во мешаницата го бараше и го најде Меси, честитајќи му на успехот што Лео толку долго го чекаше и го посакуваше.

Се вчитува...