Првата кошаркарска лига носи „сино-бело“ дерби во „Младост“

Прволигашката кошарка во Македонија продолжува денеска со четири натпревари од кои два ќе бидат одиграни во Скопје и по еден во Кавадарци и Битола. Возбудувањата денеска започнуваат од 13 часот во „Кале“ со средбата помеѓу ТФТ и Струмица, а продолжуваат од 17 часот и 30 минути на исто место со средбата помеѓу Работнички и Чаир 2030.

Фокусот на денот ќе биде од 19 часот и 30 минути за натпреварот во „Младост“ каде силите ќе си ги одмерат Гостивар и Еуро Никел, натпревар кој воедно ќе го одбележи 20. коло од првенството. Двата тима се во игра за посакуваната трета позиција на табелата, а очекувањата од двата табори се тежок натпревар.

Богатиот ден ќе биде комплетиран од 20 часот и 30 минути во „Боро Чурлевски“ каде во интересен натпревар ќе се сретнат Пелистер и Феникс 2010. Овие два тима оваа сезона одиграа два натпревари во кои забележаа половичен учинок па ќе биде интересно да видиме кој ќе излезе како победник од третата средба.

Прволигашката програма ќе продолжи во понеделник со средбата помеѓу МЗТ Скопје и Кожув, а колото ќе биде комплетирано во вторник со натпреварот помеѓу Академија ФМП и Куманово, натпревар кој е од големо значење во битката за опстанок во елитната македонска кошарка.

Се вчитува...