Првиот полуфинален натпревар од Лига-купот на Англија меѓу Челси и Арсенал заврши без победник, 0-0, па патникот во големото финале на „Вембли“ ќе биде познат по реваншот што ќе се игра на „Емирати“.
И двата лондонски ривали не одиграа плашливо, се создаваа шанси пред двата гола, но се беше попусто кога мрежите на „Стемфорд бриџ“ вечерва целосно мируваа. Алваро Мората ја потврди очајната форма откако повторно не реализираше неколку убави шанси, додека на спротивната страна Куртоа спречи радост на „топчиите“.
Дополнителен проблем за Арсен Венгер претставува повредата на Џек Вилшир, кој мораше предвреме да го напушти теренот на стартот од второто полувреме.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА