Првата менаџерка во историјата на англискиот фудбал доби отказ за само две недели

Хана Дингли, која беше назначена од четвртолигашот Форест Грин за прв тренер на тимот, таа функција ќе му ја предаде на Дејвид Хорсман.

Не така одамна Хана беше вест на денот во светот на фудбалот бидејќи беше назначена за прв тренер на споменатиот англиски клуб. Таа е сопственик на професионална лиценца и Форест Грин и даде шанса да се докаже во работата со тимот, со што стана првата жена тренер на професионален клуб на Островот.

Сепак, таа нема долго да остане на таа позиција бидејќи клубот и најде замена и долгорочно решение, што беше план од почетокот.

Се вчитува...