Првата понуда на Баерн Минхен за Дијаз е 52 милиони евра

Баерн Минхен активно работи на трансферот на Луис Дијаз од Ливерпул. Според „Билд“, клубот од Минхен му ја испратил на Ливерпул својата прва понуда – за 52 милиони евра.
Сепак, проблем е тоа што Ливерпул бара најмалку 60 милиони евра, плус бонуси. Како стојат работите, Баерн нема намера да ја плати таа сума.

Во меѓувреме, претставниците на Колумбиецот веќе го информирале раководството на неговиот сегашен тим за желбата на играчот да се приклучи на германскиот шампион.

Баерн Минхен ја бара замената за Лирој Сане кој замина во Галатасарај, а исто така бара замена и за Џамал Мусиала кој тешко се повреди на мечот со ПСЖ и го чека пауза од 6 до 9 месеци.

Се вчитува...