Новиот предводник на Севилја, Винчензо Монтела сака да го засили тимот со нов напаѓач во јануари, а како прва мета го назначи резервистот на Челси, Мичи Батшуаи. Монтела сака да го откупи белгискиот репрезентативец, иако Челси преферира позајмица до крајот на сезоната.
Знаејќи дека „сините“ исплатија 40 милиони евра на Марсеј пред една ипол сезона, раководството ќе бара барем половина од потрошените средства за Батшуаи.
Но, Севилја се соочува со друг проблем, Челси нема да се ослободи од Батшуаи доколку не доведат соодветна замена, но приоритет на Конте во јануарскиот преоден рок е да доведе засилување во средниот ред, како и на левата бековска позиција. Тоа значи дека Челси не планира да троши средства на нов напаѓач.
24-годишниот фудбалер досега настапи на 20 меча во сите натпреварувања на кои во главно влегуваше од клупа, а постигна девет погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА