Зинедин Зидан се врати на кормилото на Реал Мадрид и ќе добие повеќе од 400 милиони евра како буџет за нови засилувања во летниот преоден рок. И веднаш почна лицитација со новите имиња кои би дошле на „Сантијаго Бернабеу“. Шпанските медиуми откриваат дека Зизу гледа кон „Стемфорд бриџ“, но негова прва желба сепак не е Еден Азар.
Тој го посакува сонародникот Нголо Канте во дресот на Реал Мадрид од следната сезона. Дефанзивниот играч за врска треба да биде неговата главна алка во реновираниот среден ред. Бразилецот Кашемиро не игра најдобро по заминувањето на Зидан, па можеби и ќе добие можност да си замине од Мадрид. Според најавите, „кралскиот клуб“ е подготвен да понуди 90 милиони евра за Нголо Канте.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА