Првата жена тренер на машка екипа: Па, јас првиот тим го составувам според големината на пе.исот!

Германците и тоа како посветуваат внимание на рамноправноста на половите во спортот. Така пред нешто повеќе од една година, Бибиана Штајнхаус стана првата жена која судела натпревар од Бундеслигата. Сепак, актуелна тема во Германија е приказната за Имке Вубенхорст, првата жена на клупата на машки фудбалски тим.

Имке го води германскиот петтолигаш Клопенбург, кој е на последното 16. место во регионот Нидерсахен. Клопенбург не победил во последните седум натпревари (пет порази и две ремија), а последен пат победи на 19. септември минатата година против Хеслингер со 1-0.

 

Вубенхорст се обидува да го разбуди тимот и да го спаси од испаѓање. Безбедносната зона е далеку шест бода, но таа верува дека ќе успее во својата цел.

Но, освен играта и резултатите, кога е таа во прашање германските медиуми ги интересираат и сосема поинакви интересни приказни. Германските новинари ги интересираше дали фудбалерите треба да облечат веднаш долна облека кога таа влегува во соблекувалната/.

„Секако дека не. Јас сум професионалка. Првиот тим, всушност, го составувам според големината на пенисот“ – им одговори шеговито Вубенхорст.

Се вчитува...