Првата ѕвезда на Брентфорд ја очекува голема суспензија

Напаѓачот на Брентфорд и повремен репрезентативец на Англија, Иван Тони призна дека ги прекршил правилата на ФА за обложување, за што ќе биде казнет, ​​пишува британскиот Дејли Мејл.

Тони со првите обвиненија се соочи уште во декември минатата година кога англиската федерација покрена постапка против него, а по голема истрага и неговото признание се соочува со неколкумесечна суспензија.

ФА го обвини дека ги прекршил правилата за обложување 232 пати од 2017 до 2021 година, а тој се изјасни за виновен за повеќето од нив. Пред крајот на сезоната, Тони треба да ја дознае казната, која би можела да му одговара на Брентфорд со оглед на тоа дека во тој случај англискиот фудбалер добар дел од суспензијата би ја одлежал за време на летната пауза.

Тони дојде во Брентфорд во 2020 година, а оваа сезона одигра 21 натпревар и постигна 14 гола.

Се вчитува...