Фудбалерите на Челси го совладаа италијанскиот Удинезе со 1-2 како дел од подготовките за новата сезона. „Сините“ од Лондон поведоа со 0-1 во 20. минута со голот на Н’Голо Канте.
На 0-2 зголеми новата аквизиција на лондончани, Рахим Стерлинг во 37. минута, до крајот на првиот дел домаќините намалија на 1-2 преку Дулофеу во 42. минута. Конечните 1-3 ги постави Маунт во 90. минута.
Македонскиот интернационалец Илија Несторовски го стартуваше мечот од клупата за резерви, а во игра влезе во 84. минута.
Голот првенец на Рахим Стерлинг во дресот на Челси можете да го погледнете на следниот линк.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА