Фудбалерите на Челси одиграа 1-1 на домашен терен против Манчестер јунајтед во дерби натпреварот од 12. коло во англиската Премиер-лига. Во првото полувреме „црвените-ѓаволи“ беа далеку подобар противник, но не успеаја да го затресат голот на домаќините. Ентони и Рашфорд имаа ситуации еден на еден со голманот на Челси, Кепа во кои триумфираше домашниот голман.
Во вториот дел Челси како да се извади од почетниот притисок и заигра далеку подобро. Лоша вест за Ерик тен Хаг беше повредата на Рафаел Варан по која Французинот мораше да го напушти теренот по еден час игра.
Оваа ситуација Челси ја искористи и нападна, а најубавата шанса ја имаа преку Чалобах кој од корнер биеше блиску над пречката. Во финишот Мектиоминај во 85. минута направи пенал врз Броја кој го искористи Жоржињо за водство на Челси од 1-0. Сепак, гостите успеаја да стигнат до бод со првенецот на Кашемиро во 95. минута.
Chelsea [1] – 0 Manchester United – Jorginho penalty 87'
by insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

