Првенството на Холандија нема да биде прекинато, но ќе се игра без публика

Сите натпревари од холандскиот шампионат ќе се играат според распоредот, односно нема да биде прекинато првенството по барањето на клубовите поради тоа што епидемиолошката ситуација налага да се играт пред празни трибини.

Фудбалската асоцијација на Холандија ја потврди оваа одлука, откако беа превземени мерки поради ширењето на коронавирусотво земјата.

Повеќето клубови поднесоа барање натпреварите да бидат прекинати додека земјата има забрана за посета на стадиони. Меѓутоа асоцијацијата го одби барањето, и првенството продолжува нормално, без присуство на публика до почетокот на декември кога ќе се носат нови одлуки, во зависност од епидемиолошката ситуација.

Вчерашниот дуел меѓу Холандија и Норвешка кој се играше во Ротердам, се играше пред празни трибини. „Лалињата“ со триумф го обезбедија учеството на Мундијалот во Катар.

Се вчитува...