Вчера заврши сезоната во Бундеслигата. Втор низ целта заврши тимот на Штутгарт, и идната сезона ќе игра во Лигата на шампионите. Баер Леверкузен да не беше толку доминантен, можеше да се бори Штутгарт за титула со Баерн Минхен.
Но „Швабите“ и дефинитивно имаат сезона за паметење и ова е големо достигнување за клубот во кој ќе има промени во летниот преоден рок, а веќе го обезбеди и првото ново име.
Клубот одлучи да го купи Џејми Левелинг. Играчот кој како позајмен од Унион Берлин настапува во Штутгарт, ќе остане на „Мерцедес Бенз Арената“, со оглед дека вицепрвакот ќе го откупиу неговиот договор.
На Унион ќе му припаднат пет милиони евра за овој трансфер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА